top of page
kontoooo-05.png

1-31 ЈАНУАРИ 2026

Организатори: Mastercard и ТИНЕКС-МТ ДООЕЛ Скопје

 

Период на кампањата: од 01.01.2026 до 31.01.2026 (вклучително)


Опфат: Кампањата се спроведува исклучиво во подружниците наведени подолу и не важи во останатите маркети на ТИНЕКС.

Право на учество

Кампањата е наменета за физички лица – иматели на потрошувачки платежни картички (кредитни и дебитни) од брендот Mastercard, издадени во Република Северна Македонија (од сите банки).
Исклучок: комерцијални/бизнис картички не учествуваат.

Локации со каси за самонаплата

Кампањата важи само на следните локации (само-наплата):

Подружница КОНТО МЛЕЧЕН – ул. Багдадска бр. 36, Скопје (Карпош)

Подружница КОНТО ХРОМ – ул. Кленоец бр. 69, Скопје (Карпош)

Подружница КОНТО ЗЛОКУЌАНИ – ул. Скупи бр. 28, Скопје (Карпош)

Подружница КОНТО ДРАЧЕВО – ул. Бранко Заревски бр. 7, Драчево (Кисела Вода)

Подружница КОНТО БИТОЛА 1 – ул. Прилепска бр. 5, Битола

Подружница КОНТО КУМАНОВО -ул.Маршал Тито бр.55 Куманово

Подружница КОНТО КИСЕЛА ВОДА -ул.Франк Харкорт Манинг бр.4, Скопје

Подружница КОНТО ОХРИД - ул. ,,Никола Карев'' бр.12а, Охрид

 

ТИНЕКС-МТ ќе ги информира потрошувачите за секое евентуално проширување на листата локации преку официјалните канали (веб-страница, социјални мрежи, Viber)

Услови за остварување кешбек

Иматели на Mastercard картичка остваруваат поврат на средства (кешбек) од 10% ако за време на кампањата  се исполнети кумулативно следните услови:

  1. Плаќаат исклучиво на касите за самонаплата во наведените подружници, и

  2. Направат најмалку 4 (четири) трансакции во периодот од 01.01.2026 до 31.01.2026

  3. Вкупната вредност на овие трансакции треба да изнесува најмалку 6.000 денари во наведениот период.

 

За трансакции поголеми од 6.000 денари соодветно се зголемува и кешбек, согласно табелата:

tabela.jpg

Забелешка: Трансакции извршени на класични каси (кои не се за самонаплата) или во други маркети на ТИНЕКС не учествуваат и не носат право на кешбек.

Исплата и проверка на кешбек

  • Повратот на средства го реализира Mastercard по завршување на кампањата.

  • Mastercard го задржува правото да ја прекине кампањата предвреме доколку се исцрпат буџетските средства.

  • Остварениот кешбек може да се провери преку електронско банкарство и/или на изводите од платежна сметка/картичка.

Ограничувања

Во случај на откажана, истечена или блокирана картичка, и/или ако корисникот нема активна трансакциска сметка во моментот на исплата, Mastercard може да не го реализира повратот, иако условите биле исполнети.

Дефиниции

  • „Картичка“ – валидна потрошувачка дебитна или кредитна (или припејд) Mastercard картичка издадена од финансиска институција основана во Северна Македонија; комерцијални/бизнис картички се исклучени.

  • „Поврат на средства (кешбек)“ – кредитна трансакција што му се исплатува на имателот на картичка во рамки на оваа кампања, согласно овие правила и до висина на расположливиот буџет.

За евентуални приговори за неисплатен кеш бек, корисниците можат да се обратат на следната е-маил адреса: customer.care@tinex.com.mk

bottom of page